Loading Video...
Свет
25. August 2019 - 19:35

САД и Велика Битанија после Брегзит ќе потпишат голем трговски договор

САД и Велика Битанија веднаш после Брегзит ќе потпишат голем трговски договор. Веста ја објави Доналд Трамп за време на средбата со Борис  Џонсон во Бијарац каде се одржува самитот на Г7.

- Ќе направиме многу голема трговска зделка , поголема отколку што некогаш сме имале  со Велика Британија. И сега во одреден момент нема да имаат пречка, изјави Трамп. 

Повеќе детали американскиот претседател за договорот не соопшти, но првата средбата со Џонсон  откако стана прeмеир на Велика Британија Трамп ја искористи и  да го пофали.

- Тој е вистинскиот човек за Брегзит. Ова е човек кој ќе биде  одличен премиер, по мое мислење. Борис, тоа  е мое мислење рече Трамп.

 Според сегашниот план , Велика Британија треба да излезе од европскиот  клуб со или без договор на 31 октовмри годинава. Џонсон вчера му порача на претседателот на ЕС  дека доколку Унијата не се ослободи од одредбата позната како  ирски бекстоп, тој нема да биде виновен за Брезгит без договор. Туск експресно му возврати.

- Една работа на која нема да соработувам е „без договор “ и се уште се надевавм дека премиерот Џонс нема да сака да влезе во историјата како „Господин без договор“, рече Туск.

Покрај  темата Брезгит, во фокусот на лидерите на седумте индустриски најразвиени земји се и Иранската нуклеарна програма ,климатските промени, пожарите во Амазонија,  трговските тензии. Високо на агендата на самитот се најде и предлогот  Трамп кој сака да за следниот самит да ја врати Русија во групата, која порана беше позната како Г-8.  Домаќинот на самитот, првиот човек на Франција сака  овој Г 7 да биде успешен.

- Оваа средба е важна, во спротивно секоја земја  би тргнала по својот пат. Она што се очекува од нас е да се координираме. Сакам овој самит да успее, истакна францускиот претседател.

Меркел веке изјави дека  не очекува многу да се постигне  во Бијариц. Според неа  времето е кратко а има толку многу несогласувања по темите. Тридневниот самит ќе заврши утре.  

Групата Седум е составена од Канада, Франција, Германија. Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.