Свет
13. February 2016 - 9:11

САД и Куба ќе ги обноват редовните директни авионски летови по повеќе од половина век прекин

САД и Куба во вторник ќе потпишат билатерален договор за обновување на директните авионски летови меѓу двете земји, по пауза од над половина век, соопшти Стејт департментот.

- Иако американското законодавство забранува туристички посети на Куба, овој договор ќе се олесни дозволените патувања", се посочува во соопштението.

САД ја најавија својата намера да ги обноват овие летови во декември, на првата годишнина од почетокот на затоплувањето на односите меѓу Вашингтон и Хавана.