-->
-->
САД и Јапонија решија да продолжат со притисоците врз Северна Кореја
-->
Претседателот на САД, Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска во телефонски разговор се договриле да продолжат со вршење притисок врз Северна Кореја, по нејзината серија ракетни тестови и закани со нуклеарни проби, соопшти претставник на Владата во Токио.
Северна Кореја тестираше ракети кои прелетаа преку Јапонија, што предизвика загриженост во регионот и размена на закани меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. По ракетните проби, САД издејствуваа засилување на економските санкции врз Северна Кореја.
За време на телефонскиот разговор, премиерот Абе му изразил сочуство на Трамп за трагичниот напад во Лас Вегас во кој беа убиени 59 лица.
Трамп ќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, како и Виетнам и Филипините во текот на ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов