Loading Video...
Бизнис
25. March 2022 - 16:40

САД и ЕУ потпишаа за снабдување со гас од Америка

САД ќе ја снабдува Европа со гас, за да не биде зависна од Русија. 

До крајот на годинава ќе и обезбеди 15 милијарди кубни течен гас, но и дополнителни количини кои ќе и бидат потребни до 2030 та година. Американсиот  претседател Бајден со потпретседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен потпишаа договор, кој предвидува формирање работна група за намалување на зависноста на Европа од руските фосилна горива

Унијата вети дека ќе ја намали употребата на руски гас за 2/3 годинава преку увоз од други земји, но и инвестирање во обновливи извори на енергија. Со ваквиот потег се очекува и пад на цените на гасот во Европа, кои по рускиот напад на Украина почнаа вртоглаво да растат.

Инаку само 10% од потребите за гас на  Унијата се од сопствено производство. 40 % се задоволуваа од Русија , односно минатата година 155 милијарди кубни метри се набавија од Русија, остатаокот од Катар, кој веќе најави дека нема капацитет за поголеми количини на испорака.