САД и ЕУ ја осудија употребата на сила на протестите во Русија
САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот.
– Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението.
Стејт департментот потсетува дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
САД ги повикаа руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на нивните универзални права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Исто така, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради „масовните апсења и употребата на прекумерна сила“.
– Во понеделник ќе разговараме со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори, напиша Борел на Твитер.
ЕУ побара Навални веднаш да биде ослободен. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки.
И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување на Навални и „целосно и безусловно почитување на неговите права“, изразувајќи „сериозна загриженост“ на ЕУ.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
