САД го заострија визниот режим за туристи од 38 земји
САД го заострија визниот режим за туристите од 38 држави, од кои 30 се европски.
Ваквата мерка е преземена по терористичките напади во Париз минатиот месец и е содржана во законот за буџет за следната година.
Туристите од овие 38 развиени земји нема да имаат право да влезат во САД без виза, доколку брзо патувале во Ирак, Сирија, Иран или Судан. Мерката е дел од одговорот на американската Влада на терористичката закана. Теоретското објаснување е дека извршителите на нападите во Париз, кои се главно француски и белгиски државјани, можеле без никаков проблем да се качат во авион за САД.
Постојаниот претставник на ЕУ во САД, Дејвид О’Саливен се закани со соодветни реципрочни мерки. Тој побара петте земји-членки на ЕУ, кои не се дел од американската програма за безвизен режим, да бидат вклучени во неа.
Ново на Сител
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти
-
Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година
-
Седници на две собраниски комисии