-->
-->
САД го потврдија својот ангажман да го уништат цело хемиско оружје до 2023 година
-->

САД ги потврдија своите ангажмани за уништување до 2023 година на цело хемиско оружје, наследено од времето на Студената војна, изјави портпарол на американското Министерство за одбрана.
- Над 90 проценти од американското оружје се уништени, истакна портпаролот, додавајќи дека САД го поздравуваат потегот на Русија, која целосно го уништила своето хемиско оружје.
Русија и САД се ангажираа да ги уништат своите огромни хемиски арсенали пред 2012 година согласно Конвенцијата од 1997 година за забрана на хемиско оружје. Потоа истакнаа дека не можат да го запазат крајниот рок и утврдија нови. САД се обврзаа тоа да го направат до 2023 година, а Русија до 2020 година. Пред неколку денови Москва соопшти дека предвреме ги уништила последните парчиња од хемиското оружје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
