Македонија
4. July 2021 - 16:42

САД го одбележува денот на независноста - Честитки од политичкиот врв

САД денеска го прославуваат Денот на независноста, а честитки до Вашингтон упати македонскиот политички врв. Престедателот Пендаровски на својот американски колега Бајден и граѓаните на САД го честиташе националниот празник со потсетување дека - Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија.  

Премиерот Заев во честитката порача дека Македонија и САД ги врзува стратешкото партнерсто во НАТО Алијансата и се заблагодари за постојаната поддршка.

- Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени. Лидерот на опозицијата со мисла од поранешниот американски претедател Кенеди го честиташе празникот -  „Не прашувајте што може државата да направи за Вас, туку што можете Вие да направите за неа” - Џон Ф. Кенеди. Вистински вредности за вистинско стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД, порача Мицкоски.

Лидерот на ДУИ  Ахмети на Фејсбук кратко напиша - „Вечно благодарни! Америко, нека ти е честит денот на независноста“. 

Пред само два дена високиот преставник на Стејт департментот Филип Рикер од Охрид порача дека САД остануваат силен поддржувач на Македонија и интегративните процеси во земјата.

Годинава американската амбасада виртулено ќе го одбележи 4-ти Јули, прославата ќе биде пренесувана на интернет, а традиционално ќе има и вечерен огномет.