САД го блокираа назначувањето на поранешниот палестински премиер Салам Фајад за претставник на ОН во Либија

САД го блокираа назначувањето на поранешниот палестински премиер Салам Фајад за претставник на ОН во Либија.
Претходно оваа недела, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го извести Советот за безбедност дека го номинира Фајад за шеф на мисија во Либија, која ќе помогне за продолжување на преговорите за политички договор.
- Премногу долго ОН неправедно ја претпочита Палестинската автономна власт за сметка на нашите сојузници во Израел, изјави постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли, која изрази „разочарување" од номинацијата.
- САД не ја признаваат палестинска држава и не го поддржуваат сигналот кој оваа номинација би го испратила во ОН. Ние сепак ги охрабруваме двете страни да се обединат во напорите за наоѓање решение, додаде таа.
- Отсега САД ќе дејствуваат, а не само да зборуваат во поддршка на сојузниците, заклучи Хејли.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
