САД ги проширија санкциите против Русија поради вмешаност во изборите

Американското Министерство за финансии објави денеска проширeни санкции против Русија поради вмешаноста во избори во САД.
Се работи за седум физички лица и три компании. Се наведува дека двајца Руси, Денис Кузман и Игор Несторов, се вмешале во конгресните избори во 2018 година.
Компаниите против кои се воведени забрани се на Евгениј Пригожин, финансиерот на пропагандата кампања на социјалните мрежи со лажни вести и ширење омраз и раскол, во полза на тогашниот кандидат Доналд Трамп.
Се работи за компании со кои Пригожин, познат и како „куварот на Путин”, управува со предмети за раскожен живот како авиони и јахти. Други негови компании веќе се предмет на санкции, и додадените компании се санкционирани поради неговата вмешаност во конгресните избори.
Тој е сопственик на компанијата „Конкорд Менаџменнт и Консалтинг”, која управува со „Агенција за интернет истражувања”, или таканаречената „фабрика за тролови” од Санкт Петербург, која работеше на ширење манипулации со лажни профили, коментари, статуси и групи по социјалните мрежи и фабирикуваше вести за да влијае на изборите во САД во 2016 година.
Овие компании беа предмет на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за руската вмешаност во избороти во 2016 година.
Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека САД продолжуваат со нови санкции против оние лица и компании кои се мешаат во демократските процеси на земјата.
-Сите кои на некаков начин се поврзани со лицата и компаниите внесени во списокот ќе бидат предмет на слични забрани, изјави тој.
Додаде дека „американските власти продолжуваат да работат на тоа Пригожин и нему сличните да не се скријат, живеејќи удобен живот, додека работат на дестабилизирачки активности против интересите на на САД, нивните сојузници и партнери”.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
