САД ги отфрлаат обвинувањата на Турција дека ја помагаат ИД
Официјален Вашингтон ги отфрли обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека САД ги помагаат џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во Сирија, нарекувајќи го таквото тврдење „смешно и апсурдно“.
- Нема никаква основа за таквите обвинувања, се вели во реакцијата на Стејт департментот.
Соопштението на Стејт департментот доаѓа по тврдењата на Ердоган дека „расплага со сигурни докази“ оти САД ги помагаат ИД) и силите на сириските Курдски„ што официјална Анкара ги третира како терористички групи.
Станува збор за курските Сили за заштита на народот (ЈПГ) и за паравоените формации на Партијата на демократската унија (ПЈД) со кои Американците соработуваат на сирискиот фронт во борбата против џихадистите на ИД.
Ердоган и турската Влада и двете групи ги обвинува за тесни врски со Курдската работничка партија (ПКК).
Најмалку 37 турски војници загинаа во операцијата на Армијата на Турција против ИД во северна Сирија кај градот Ал Баб, што се наоѓа на 20 километри од турската граница.
Ново на Сител
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум