САД, Франција и Британија ја отфрлија руската предлог резолуција за Сирија
Советот за безбедност на ОН не постигна согласност за предложената резолуција од Русија со која се повикува за прекин на секакви акции со кои се поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, а се нарушува и процесот на мировните преговори, изјави претседавачот на Советот, венецуелскиот дипломат Рафаел Рамирес.
САД, Франција и Велика Британија го отфрлија овој предлог, нагласувајќи дека нема иднина.
- Наместо да се обидува да го привлече вниманието на светот со најнова резолуција, би било одлично Русија да ја примени веќе договорената резолуција, изјави по состанокот американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер.
Франција, исто така, ја отфрли предлог резолуцијата на Русија, чија цел е прекин на турските воени напади во Сирија, додавајќи дека поддршката на Москва за сириските сили довела до опасно ескалирање на војната.
- Соочени сме со опасна воена ескалација, која би можела да излезе од контрола, истакна францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр.
Советот за безбедност на ОН синоќа свика вонредна седница по барање на руското Министерство за надворешни работи поради повиците на Турција да се испратат копнени сили во Сирија.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи