Свет
18. May 2022 - 8:26

САД формираат Центар за набљудување на конфликтот во Украина

САД најавија формирање центар за набљудување на конфликтот во Украина. Тој ќе располага со почетен буџет од шест милиони долари за „собирање, анализа и ширење докази за воените злосторства извршени од Русија во Украина“.

Новата иницијатива вклучува складирање на јавно достапни информации или комерцијални сателитски податоци кои би можеле да се користат при евентуални процеси за барање оговорност за извршени злосторства, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

– Онлајн платформата ќе ја сподели со јавноста документацијата на центарот за набљудување на конфликтот, со цел да помогне при спречување на напорите на Русија за дезинформација, се додава во соопштението.