САД евакуира дел од несуштинскиот персонал од Саудиска Арабија поради безбедносни ризици

„На 8 март 2026 година, Стејт департментот нареди неесенцијалните службеници на американската влада и членовите на нивните семејства да ја напуштат Саудиска Арабија поради безбедносни ризици“, се наведува во соопштението објавено во понеделник.
Министерството претходно ги повика американските државјани во повеќе од десетина земји во регионот веднаш да заминат поради безбедносни ризици, во услови на конфликтот со Иран, кој започна на крајот на февруари.
„По почетокот на непријателствата меѓу САД и Иран на 28 февруари, постои континуирана закана од напади со дронови и ракети од Иран, како и значителни нарушувања во комерцијалниот авионски сообраќај“, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Во него се додава дека американската влада има ограничени можности да им обезбеди итна помош на американските граѓани во Саудиска Арабија поради безбедносните ризици.
Иран повеќе од една недела изведува напади на различни места на Блискиот Исток како одговор на воените удари на САД и Израел.
Цел на нападите биле американски воени бази, но и цивилни објекти како аеродроми и станбени згради.
Напади се пријавени во околу десет арапски земји, при што државите од Персискиот Залив – меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар – пријавуваат особено голем број инциденти.
Ново на Сител
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
