Свет
25. July 2022 - 8:27

САД домаќин на виртуелна средба на Индо-пацифичката економска рамка

САД утре ќе бидат домаќини на виртуелен состанок на претставниците на 14-те земји кои се приклучија на Индо-пацифичката економска рамка (ИПЕФ), додека Вашингтон се обидува да ги прошири врските со Азија.

Домаќини на состанокот ќе бидат трговскиот претставник на САД, Кетрин Тај и министерката за трговија Џина Раимондо.

На Вашингтон му недостигаше столб за своите врски во Индо-пацифичкиот регион, откако поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти Пацифичкиот трговски договор и го остави отворен теренот за Кина да го прошири своето влијание.

Покрај САД, во ИПЕФ учествуваат и Австралија, Брунеи, Фиџи, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Темите на утрешниот состанок ќе вклучуваат трговија, синџири на снабдување, чиста енергија, инфраструктура, оданочување и борба против корупцијата.