САД: Без директни преговори со талибанците за мир во Авганистан
Преговори за мир во Авганистан можат да се водат само со владата во Кабул, но не и директно меѓу Вашингтон и талибанците, изјави висок официјален претставник на САД.
- Преговорите треба да се водат меѓу авганистанската влада и талибанците, рече Алисон Велс, американски пратеник за Јужна Азија.
Велс се состанала неофицијално, со претставници на талибанците во минатиот месец во Катар за анализи за можен мировен процес во Авганистан.
- Не можам да кажам ништо повеќе освен дека сме подготвени да направиме она што можеме за да ги собереме разните страни на преговарачка маса. САД не преговараат со талибанците туку со авганистанскиот народ и неговата влада, рече таа.
Член на талибанското раководство изјави за западни медиуми дека претставниците на бунтовничката група се сретнале со американски официјални претставници минатиот месец во Доха.
Американскиот Стејт департмент само потврди дека Алис Велс била во Доха, каде што талибанците отвориле претставништво во 2013 година за дискретни преговори со САД.
Талибанците одбиваат да преговараат со владата на претседателот Ашраф Гани, за која велат дека е нелегитимна, и бараат директни разговори со Вашингтон.
Ново на Сител
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО