САД бара од НАТО засилување на борбата против ИД

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер ги повика денеска сојузниците во НАТО да ја зголемат поддршката на коалицијата предводена од САД, која се бори против Исламската држава, со цел да заврши борбата во Ирак и Сирија и да биде уништи џихадистичката група, јави Танјуг.
- Посакувам НАТО да направи нешто повеќе, и верувам дека може, за да го забрзаме уништувањето на ИД, истакна Картер пред новинарите по состанокот на министрите за одбрана во Брисел.
Со оглед на тоа дека ИД е се повеќе во дефанзива и ги губи териториите, Картер нагласи дека НАТО би можел да „пружи значаен придонес“, помагајќи да се зацврсти контролата над териториите кои ги освои коалицијата, додека сириските владини сили ја зголемуваат борбата против ИД.
Повеќето од 28 земји членки на Алијансата поединечно и придонесуваат на коалицијата која се бори против ИД, но самата Алијанса како организација нема директна улога во кампањата.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
