САД: 16 сојузни држави го тужат Трамп поради вонредната состојба
Шеснаесет американски сојузни држави, предводени од Калифорнија, ја тужат администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп поради одлуката да прогласи вонреднa состојба, со цел да се обезбедат средства за изградба на ѕид долж американско-мексиканската граница.
Тужбата, поднесена во Окружниот суд во северниот дел на Калифорнија, доаѓа само неколку дена откако Трамп во петокот повика на вонредни овластувања, откако Конгресот претходно одби да го прифати неговото барање за исплата на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот, што беше негово ветување во текот на претседателската кампања во 2016 година.
-Денеска, на Денот на претседателот, го тужиме претседателот Трамп пред судот, за да ја прекине злоупотребата на претседателските овластувања, се вели во соопштението на државниот обвинител Калифорнија Гзавије Бесере.
– Го тужиме претседателот Трамп за да го спречиме самостојно да ги ограби средствата на даночните обврзници, кои Конгресот законски ги издвои за луѓето од нашата земја. За повеќето од нас, Кабинетот на претседателот не е место за театар, додаде државниот обвинител од редовите на демократите.
Три земјопоседници од Тексас и една еколошка група во петокот први поднесоа тужба против неодамнешната одлука на Трамп, наведувајќи дека со неа се крши Уставот и дека го загрозува нивното право на сопственост.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација