Сабота и недела неработни, породилно отсуство една година и зголемување на минималната плата, бара ССМ
Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение излезе со неколку барања и укажувања кои, како што вели, ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед на тоа кој ќе ја формира новата Влада.
ССМ предлага во новиот Закон за работни односи да бидат прогласени сабота и недела за неработни денови, породилното отустсво да биде 12 месеци, а договорите на определено време да се користат само во исклучителни услови и да бидат со траење до една година. Се предлага и работодавецот во рок од 30 дена по доставен писмен предлог од Колективниот договор да ги започне преговорите.
Синдикатот бара и воведување на бенифициран стаж за градежните работници и за оние работници кои работат во тешки услови кои влијаат штетно на здравјето, како и пензија по дејности односно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на пример за градежен работник, текстилен работник или рудар од оној работник кој работи во администрација.
Дел од предлозите се и старосна пензија по работен стаж, односно 35 години работен стаж за жена и 40 години за маж, без оглед на годините на возраст, како и право на работникот на предвремена пензија која би се остварила под услови возраст од 60 години со минимум работен стаж од 15 години. Се предлага и неполна старосна пензија по возраст, односно да им се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурурвање доколку го немаат исполнето условот од минимум 15 години работен стаж.
Од ССМ сметаат дека постои реална потреба и за зголемување на минимналната плата најмалку 60 проценти од просечната плата во државата и заболувањето од КОВИД 19 кај сите работници да се третира како професионална болест со право на 100 проценти надомест на плата.
Ново на Сител
-
Започна новогодишното украсување во Центар
-
Залужни: Третата светска војна веќе започна
-
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука
-
Медведев: Добивте тоа што баравте
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари