Сабота 8 јуни работен за институциите што не работеа на денот на посетата на папата
На последната седница Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај, ден што беше прогласен за неработен поради посетата на Папата Франциск.
-Тоа значи дека 8 јуни е работен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на Град Скопје, за вработените и за учениците во основните и во средните училишта на територијата на Град Скопје што го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности, се вели во денешното соопштение од Владата.
Исто така, Владата препорачува одлуката за одработување на 7 мај на 8 јуни, да ја спроведат и општините во градот Скопје и Градот Скопје.
Истовремено, доколку претходната препорака на Владата 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор, сега Владата на приватниот сектор му препорачува тој ден да се одработи во сабота на 8 јуни.
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква