Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Балкан
20. September 2019 - 15:41

Ружичка по средбата со Варвициотис: Го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија

Tweet
 

 Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек Ружичка, по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Проширувањето на Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан беа една од темите за кои разговараа Варвициотис и Ружичка.

Заменик министерот за надворешни работи на Словачка рече дека во октомври европскиот совет треба да донесе важни одлуки за земјите од Западен Балкан.

– И двајцата го поддржуваме напредокот и отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Исто така, генерално, ние би сакале сите земји од Западен Балкан во иднина во Европската унија. Знаеме дека никој не е совршен, ние не сме совршени, рече заменикот МНР на Словачка, по средбата со Варвициотис.

Ружичка говорејќи за односите на Словачка со Грција, го спомена и наследството од античка Грција, како што се демократијата, филозофијата, олимписките игри, но и Кирил и Методиј.

Брегзит, миграциското прашање, билатералната соработка и иднината на Европа беа останатите теми за кои разговараа заменикот министер за надворешни работи на Словачка и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција

 

 

Tweet

Балкан

  • Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори

  • Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања

  • Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам

Популарно од Балкан

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат...

    09.10.2026
  • Србија не поканила делегација на Европскиот...

    09.10.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори

  • „ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини

  • Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС

  • Тинекс останува Тинекс!

  • Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок

  • Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила

  • ПЕТ центарот ќе работи и за викенд

  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија