Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера ги повика Европејците да трошат повеќе за одбрана, велејќи дека во спротивно ќе треба да научат руски јазик или да одат во Нов Зеланд.
-Ако не го направите тоа, земете курс по руски јазик или одете во Нов Зеланд, рече Руте на дебата на заедничката средба на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Поткомитетот за одбрана и безбедност и парламентарната делегација за односи со НАТО.
Руте истакна дека Европа мора да инвестира повеќе во одбранбените капацитети, да ја зајакне отпорноста и да продолжи да и помага на Украина.
-Ние знаеме како да ги заштитиме нашите граѓани и европскиот начин на живот, сега само треба да го направиме тоа, рече Руте.
Тој додаде дека сегашната цел да се издвојат два проценти за одбраната не е ни приближно доволна.
-За да останат безбедни, сојузниците ќе треба да трошат значително повеќе за одбрана, рече Руте, додавајќи дека тој ќе треба да биде над три проценти од БДП, околу 3,6 или 3,7 проценти.
Тој предупреди дека иднината на Европа зависи од исходот на војната во Украина. -Сакаме траен мир. Ако Путин ја постигне својата цел, мирот нема да трае.
Во моментов сме безбедни, но можеби нема да бидеме за пет години, изјави Руте.
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
