Русковска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители
Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.
Русковска за МИА потврди дека денеска напладне ќе поднесе жалба на решението за нејзина суспензија, по што ќе даде изјава за медиуми.
Обвинителката Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за Финансиска полиција и тој за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој што изгоре во Бугарија.
Токму за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.
Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа вчера од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.
Ново на Сител
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ