Руското Обвинителство бара 10 години затвор за поранешен министер обвинет за корупција
Руското Јавно обвинителство побара 10-годишна затворска казна под строг режим за поранешниот министер за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев под онвинение за земање поткуп од шефот на нафтениот гигант „Росњефт" во износ од два милиони долари, како и парична казна од околу пет милиони долари.
Обвинителот пред Судот истакна дека вината на Уљукаев може да се смета за апсолутно докажана.
Уљукаев, првиот федерален министер уапсен за корупција и највисок руски државен службеник уапсен по 1993 година, ги негира обвиненијата и вели дека е наместен.
Доказите за вината се темелат на сведочењето на генерал Олег Феоктистов, кој во тоа време беше шеф на Службата за безбедност на „Росњефт“.
Уљукаев беше уапсен минатата година во седиштето на „Росњефт" во операцијата на руските специјални служби под обвинение за корупција. Според истрагата, тој побарал поткуп, за да даде и дозволи на компанијата да го купи државниот удел во „Башњефт“.
Според верзијата на одбраната, Уљукаев бил убеден дека во вреќата имало вино, а не пари.
Обвинителството побара од судот да ја исклучи квалификацијата „изнудување" од обвинението против Уљукаев и да го квалифицира криминалот само како примање поткуп.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата