Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта
Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека противвоздушната одбрана синоќа соборила 42 украински беспилотни летала над пет региони во земјата.
Соборени се 20 беспилотни летала над регионот Ориол, по осум беа соборени во регионите Ростов и Брјанск, пет во Курск и еден над регионот Краснодар, објави Министерството во објава на Телеграм.
-Еден од ударите предизвика пожар во објект на инфраструктурата за гориво во селото Сталној Кон, соопшти гувернерот на областа Ојол, Андреј Кличков. „За среќа, благодарение на брзата реакција, се избегнати последиците од нападот – пожарот е навреме локализиран и сега е целосно изгаснат. Нема жртви или значителна материјална штета“, рече тој.
Веќе втора недела погодени се објектите за гориво во регионот Орол.
Водачите на регионите Брјанск и Ростов известија дека нема жртви или штети во најновите напади со беспилотни летала.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет