Руско-украинска расправија околу средновековниот принц Владимир

Одбележувањето на илјадагодишнината од смрта на средновековниот принц Владимир, подоцна прогласен за светец, предизвика бурна расправија и полемика меѓу Москва и Киев, што уште повеќе ги влоши и онака крајно заострените односи меѓу Русија и Украина.
Двете соседни земји тврдат дека принцот-светец е само нивни, обвинувајќи ја другата страна за „крадење и фалсификување на историјата“.
Во Русија, Владимир се слави како крупна историска личност, кој на Русите им го подарил христијанството, додека во Украина, каде принцот се нарекува Володмир, се означува како „украински лидер“ кој владеел со Киев и го вовел христијанството меѓу населението во земјата, што тогаш се нарекувала Киевска Русија.
Принцот Владимир е светец кој е признат и од Руската и од Украинската православна црква, кој прогласи автокефалност по распадот на Советскиот Сојуз. Руската православна црква, која од секогаш има добри односи со Кремљ, остро реагираше на ваквата одлука за афтокевалност, одбивајќи да го прифати „отцепувањето“ на црквата во Украина.
РПЦ го прогласи украинското свештенство за „расколничко“, додека украинскиот патријарх Филарет, го екскомуницира од Руската православна црква.
Илјадагодишнината од смрта на Владимир, во Москва беше свечено одбележано со голем прием во Кремљ на кој домаќин беше рускиот претседател Владимир Путин и со специјално обраќање на рускиот патријарх Кирил преку државната телевизија.
Во Украина, годишнината беше одбележана многу поскромно, само со верски служби во црквите, но настанот беше искористен за отворање остра полемика и медиумска пресметка со Русија и руските медиуми, за славењето на принц кој, според толкувањето во Киев, нема ништо заедничко со Русите.
Од Москва, Украинците беа обвинувани за „национализам“ и за „преправање“ на историјата, при што и едните и другите не заборавија да ја споменат актуелната политичко-безбедносна ситуација во источна Украина и анексијата на Крим.
Според дел од руските медиуми, принцот Владимр бил крстен на Крим, а претседателот Путин „исправи една неправда“ и го врати полуостровот на Русија.
Најсилна полемика предизвика најавата дека во Москва ќе биде поставен 25-метарски споменик на принцот-светец со меч во раката, бидејќи според украиснката страна „неприлично“ е Владимир да има споменик во град кој не постоел во негово време.
Таа забелешка ја бранат и руските архитекри, барајќи од локалните власти на Москва да се откажат од идејата за споменик на принцот-светец во рускиот главен град. Архитектите предупредуваат дека таквиот потег може да ја постави Русија во улогата на „мала нација, која има комплекс на инфериорност„ што не и доликува.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
