Руско МНР: Британските закани во врска со труењето на поранешниот шпион нема да останат без одговор
– Заканите од Велика Британија за санкции кон Русија поради труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, нема да останат без одговор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– Какви било закани за санкции кон Русија нема да останат без одговор. Британската страна треба да го разбере тоа, нагласува Министерството.
Според нив, тврдењата дека Русија е вмешана, се лажни и „тоа е провокација“.
- Русија нема да одговори на ултиматумот на Британија, се додека не добие анализи од хемиската супстанца користена при труењето на Скрипал и додека Лондон не почне да дејствува во согласност со обврските од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје со која е предвидено заедничка истрага на такви случаи, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ