Руските сили навлегоа во Украина
Ваква беше атмосферата утрово во украинската престолника Киев, по наредбата на рускиот лидер за воена операција, која според него има за цел да се демитализира Украина. Истовремено ги предупреди останатите земји дека секое мешање во руските воени акции ќе доведе до последици.
Неговиот украински колега Зеленски веднаш прогласи воена состојба на целата територија на Украина, ги премина дипломатските односи со Русија, наредувајќи им на украинските војници да му нанесат максимални штети на агресорот.
Во меѓувреме битката се разгоре. Двете страни јавуваат за успеси на военото поле. Украинскомо МО јави дека досега елиминирале над 50 руски војници, а собориле 6 руски воени авиони и 2 хеликоптери. Јавуваат дека жестоки битки се водат долж целата граница со Русија и Белорусија.
Најжестоко засега е во околината на градовите Харков, Мируопол, Одеса и целот донбаски регион.
Руското МО соопшти дека уште при првиот удар е уништен голем дел од воената инфраструктура на Украина. Уништен е еден конвој на границата со Крим при што се убиени 9 украински војници. Во борбите су украинските воздушни сили пак, русите јавуваат за срушени два авиони и 1 украински хеликоптер.
Претседателот на Белорусија Лукашенко ги демантираше инфромациите од светките медиуми дека белоруски војници учествуваат во нападот.
Ваквата ситуација резултираше и со голема бегалска криза на територијата на цела Украина. Највпечатлива беше колоната на автомобили што утрово го напушташе главнио град Киев, откако истиот беше дел од првите воздушни напади на руските воени сили. Алармантна е состојбата и на граничните премини. Украинците бегаат кон Полска Словачка, Унгарија и Романија.
Првиот ловек на ОН Гутереш го повика Путин Веднаш да ја повчеле својата војска и да даде можноист за мирно решение, нарекувајќи го нападот како најтежок после втората светска војна.
Осуда за ваквата ситуација сојде од сите лидери од зџапасните земји. Првите луѓе на ЕУ соопштија дека следуваат жестоки санкции за Москва.
Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.
Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите ќе одговорат обединето и одлучно, реча Бајден.
Генералниот секретар на нато Јенс Столтенберг истакна дека Русија повторно го избра патот на агресија против една суверена и независна земја.
Рускиот напад претставува сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност. Ја повикувам Русија веднаш да ја прекине воената операција, да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. НАТО ќе направи се што е потребно за да ги заштити и одбрани сите сојузници порача Столтенберг.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
