Свет
2. March 2022 - 10:31

Руските сили извршиле напад со прецизно оружје врз објектите на украинските разузнавачки служби

– Руските оружени сили со прецизно оружје ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и 72-от Центар за информациско-психолошки операции во Киев, соопшти денеска порпаролот на русото Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„За да се спречат информатички напади врз Русија, гаѓани се технолошките објекти на Украинската служба за безбедност и 72. Центар за информациско-плихолошки операции во Киев“, рече тој.

Според Конашенков, исто така е онеспособена и киевската телевизиска кула, без притоа да да биде оштетен ниту еден станбен објект.

Како што пренесуваат руските медиуми, руското Министерство за одбрана предупреди однапред за овие напади, повикувајќи ги притоа Украинците и граѓаните на Киев да ги напуштат домовите.

Ново на Сител