-->
-->
Руските хулигани усвоија кодекс за тепање, кој падне не се допира
-->

Голем број на навивачки групи во Русија усвоиле кодекс кон кој ќе се придржуваат при физички пресметки за да се намалат смртните случаи.
За да ја избегнат оваа ситуација, руските навивачи покрај останатото се договорија и да не се тепаат додека игра репрезентација, да не се напаѓаат обични навивачи, ниту пак да се тепаат навивачи кои при тепачата паднале на земја.
Кодексот содржи 13 правила, некои од нив се применувале и до сега.
1. Се тепаат само хулиганите меѓусебно, забрането е напаѓање на обични навивачи.
2. Во тепачката е дозволено да се земат навивачки реквизити, но не и мобилни телефони, саати и останати приватни работи.
3. Во конфликт со полицијата се помага на навивач иако е од спротивна страна.
4. Доколкгу некој сам го даде навивачкиот реквизит, не смее да се тепа.
5. Никогаш не смее да се удира жена.
6. Нема тепање додека игра репрезентација.
7. На стадион секогаш се бодри екипата, без разлика на резултатот.
8. Секогаш помогни на братот од групата, без разлика на проблемот кој го има.
9 Секој навивач мора да оди на гостување на кое може да оди.
10. Нема меѓусебни тепачки додека траат европските натпреварувања.
11. Договорени тепачки можат да почнат ако бројот на двете групи е ист.
12. Ако некој во тепачката падне, веќе не смее да се тепа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Две воздушни тревоги објавени во Романија во текот на ноќта во близина на границата со Украина
-

САД велат дека блокадата на иранските пристаништа е целосно спроведена, трговијата е запрена
-

Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево од денеска во официјална посета на земјава
-

Сиљановска-Давкова постхумно ќе го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден - 1903 година“
-

Судскиот совет ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда на ЕСЧП
-

Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана
-

Трамп изјави дека војната во Иран е „многу блиску до крајот“
-

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза
