Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
Руски воен авион вчера накратко го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд, по што бил пресретнат од шведски борбени авиони, соопштија денеска вооружените сили на оваа нордиска земја.
Во соопштението на шведските вооружени сили се наведува дека било испратено предупредување до рускиот воен авион СУ-24, но тој не реагирал, по што биле испратени шведски борбени авиони Грипен да го пресретнат.
Шведската војска соопшти дека нарушувањето на воздушниот простор било краткотрајно. „Постапките на Русија не се прифатливи и покажуваат недостаток на почит кон нашиот територијален интегритет“, изјави шефот на шведските воздухопловни сили, Јонас Викман. „Го следевме целиот синџир на настани и бевме подготвени да интервенираме“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието