Руски пливач исчезна при препливување на Босфор

Руски 29-годишен пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, соопшти денеска Турскиот олимписки комитет во чија организација се одржа Босфорската интерконтинентална пливачка трка.
Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.
„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).
„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“
Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.
Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.
Ново на Сител
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
