Руски комичари 3 пати разговараа со Заев лажно претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг
Никој нема да понесе одговорност за телефонскиот разговор во кој двајца руски комичари го измамија премиерот Заев дека зборува со поранешниот украински претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Заев вели дека тоа се случувало и во други држави и дека е важно што бил во добро друштво на измамени лидери.
Заев не очекува неговиот разговор со лажниот Порошенко да влијае на дипломатските односи на Македонија со соседните земји и рече дека е подготвен да им се извини на лидерите чии имиња ги спомна мислечќи дека разговара со украинскиот Претседател
Заев вели дека во одредени делови, разговорот бил монтиран, односно парчиња од него намерно биле вадени од контекст. Како пример ги споменува делот каде што се слуша дека е подготвен да му плати 100.000 евра во кеш на вселенскиот патријарх Вартоломеј за да издејствува автокефалност за македонската црква.
Според опозицијата, Заев не треба да се извинува туку да се поднесе оставка и организира предвремени избори.
Двајца руски комичари во текот на минатата година и на почетокот од оваа во три одвоени телефонски разговори го измамија премиерот Заев дека разговара со Порошенко и Столтенберг.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
