Руски авиони по грешка нападнале позиции на Сириската арапска коалиција
Руски воени авиони и авијацијата на сирискиот режим по грешка бомбардирале село во близина на Ал Баб во северна Сирија, каде биле стационирани борци на Сириската арапска коалиција, поддржана од САД, изјави командантот на меѓународната операција „Неполеблива одлучност“ против Исламска држава во Сирија и во Ирак, генерал Стивен Таунсенд.
- Неколку авиони на Рисија и на (сирискиот) режим вчера бомбардираа села, за кои сметаа дека се под контрола на ИД, но таму беа силите на нашата Сириска арапска коалиција, посочи генерал Таусенд.
Тој додаде дека сириските бунтовници „претрпеле извесни загуби“, а силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција биле оддалечени од местото на бомбардирање.
Откако американските војници предупредиле на грешката авионите го прекинале нападот.
Ново на Сител
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози