Свет
4. April 2017 - 13:41

Руската полиција го откри бомбашот-самоубиец

 
Руската полиција преку безбедносните снимки го откри бомбашот-самоубиец кој сееше страв и смрт во Русија.
 
Една од девојките кои се возеле со него во возот, вели дека е навистина среќна што е жива.
 
- Беше со нас во возот, чудно ги гледаше сите со презир, кога излеговме по 10 секунди слушнав експлозија, навистина ужасно, вели сведок.
 
Терористот според снимките и фотографиите е облечен во црно и има брада.