Loading Video...
Свет
25. September 2023 - 16:30
Русите ја нападнаа Одеса
Одеса жестоко беше нападната утринава од страна на руските сили, користејќи 19 дронови и 14 проектили. Нема жртви, но е повредена една жена. Материјалните штети од гранатирањето резултираат со уништени згради, а оштетена е и пристанишната инфраструктура.
Наталија Хуменјук, портпаролката на јужната украинска воена команда, рече дека Русија очигледно „се обидува да ја тестира густината на воздушната одбрана“.
Напади врз руска територија вршеа и Украинците. Во гранатирањето на околината на градот Курск, оштетени се неколку административни и стамбени згрaди, но нема загинати или повредени лица. Министарство за одбрана на Русија соопшти дека противвоздушната одбрана уништила две безпилотни летала и над Брјанската област.
-->
-->