Русите испратија уште еден „Илјушин 76“ во Нагорно Карабах за зачувување на мирот
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76“ со руски мировници замина за Нагорно Карабах.
“Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила”, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од Тасс.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.
Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.
За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.
Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за завршување на војната во Нагорно Карабах.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ