-->
-->
Русите го сменија Капело
-->

Фабио Капело (69) повеќе не е селектор на Русија, откако со Фудбалската федерација на оваа земја договорил предвремен раскин на договорот.
Капело, кој со годишна плата од осум милиони евра беше најплатениот селектор во светот, се согласил Русите како обештетување за предвремен раскин на договорот да му исплатат 15 милиони евра.
Италијанскиот стратег изминатите месеци беше под постојан пристисок на руската јавност поради лошите резултати во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2016 година.
Русија по шест одиграни натпревари во Г групата се наоѓа на третото место со скромни осум бодови и со скор од по две победи, порази и нерешени средби. На табелата во оваа група води Австрија со 16 бодови пред Шведска која има 12, а зад Русија се Црна Гора и Лихтенштајн кои имаат по пет бода, односно Молдавија со два бода.
Капело во кариерата бил тренер на Јувентус, Милан, Реал и селекторт на репрезентацијата на Англија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
