Русинката Марија (21) ја заклучила својата ќерка (3) и заминала да се забавува: Девојчето починало од глад и жед, само во станот
Во Кирово, во Русија, уапсена е 21- годишната Марија Пленкина, чија ќерка умрела од глад и запоставување откако таа ја заклучила во станот и ја оставила недела дена сама без вода и храна.
Несреќното дете, кое само што наполнило 3 години, го нашла бабата Ирина Пленкина (47), кога и го донела роденденскиот подарок. Веднаш повикала итна помош и полиција, но тие само на местото констатирале смрт.
Пленкина веќе два месеци е во притвор и против неа е покрената истрага поради „екстремно сурово убиство на дете“:
- Мајката на девојчето признала дека намерно ја заклучувала вратата од станот и заминала „лудо да се весели со друштвото“, се наведува во извештајот.
Мајката била отсутна недела дена - од 13. февруари до 20 февруари, а како што се дознава, со ништо не покажала дека се кае.
- Само ладнокрвно рекла: „Да, отидов, ја затворив водата и ја оставив без храна и вода“, пишува во извештајот.
Бабата не девојчето не може да поверува во тоа што се случило.
- Ме лажеше дека се е во ред. Ме лажеше за се. Само да забележав дека нешто не е во ред, би го зела девојчето кај себе... Се покажа дека е одлична актерка. Јас воопшто не ја познавам својата ќерка, рече Ирина.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен