Русинка пријавила 1.397 сонародници поради критики за војната
Русинката Ана Коробкова тврди дека од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година напишала 1.
397 пријави во кои ги осудува сонародниците кои ја критикуваат војната во таа земја, пишува Би-Би-Си. „Не ми е жал за нив.
Чувствувам радост ако бидат казнети поради моите осудувања“, рече Коробкова, наведувајќи дека поради нејзините пријави луѓето се казнувани, отпуштани од работа и етикетирани како странски агенти.
Би-Би-Си истакнува дека новите закони за цензура беа воведени веднаш по руската инвазија на Украина и дека Коробкова често ги пријавува луѓето за „дискрредитирање на руската војска“, прекршок што се казнува со парична казна до 50.000 рубли (560 долари) или до пет години затвор ако е извршено повеќе од два пати. Откако беа воведени новите закони за цензура, повеќе од 8.000 случаи се покренати против лица обвинети за дискредитација на руската војска, според независната руска група за човекови права ОВД-Инфо.
„Сите оние кои се противат на специјална воена операција се ривали на мојата сопствена благосостојба“, објасни Коробкова во интервју за Би-Би-Си, предвидувајќи дека во случај на победа на Украина, таа би можела да ги загуби сите нејзини заштеди и да мора да најде работа со полно работно време.
Коробкова главно известува за луѓе кои зборуваат за медиумите, особено за оние кои се појавуваат во меѓународни медиуми, како што е Би-Би-Си.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
