-->
-->
Русин осуден на 12 години затвор за шпионажа во корист на Украина
-->

Русија осуди 58-годишен свој државјанин на 12 години затвор за шпионажа во корист на Киев.
Виктор Шур беше прогласен за виновен денеска за измама и шпионажа, соопшти во коминике обласниот суд во градот Брјанск, во западниот дел на Русија.
- Шур остварувал разузнавачка дејност во Брјанската област. Собирал разузнавачки податоци за објект на Министерството за одбрана во Русија по наредба на државната гранична служба на Украина, соопшти прес-службата на судот.
Правобранителката Зоја Светова ја критикуваше пресудата. Таа за радиото „Ехото на Москва“ изрази претпоставки дека признанијата на Шур биле извлечени под притисок на руската Федерална служба за безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
