Русија прогласи неработна недела со цел да не се шири коронавирусот
Од понеделник, Русите нема да одат на работа. Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ја прогласи за неработна со цел да се спречи ширењето на корона висурот. Ќе функционираат аптеките, маркетите за храна и транспортот. Освен тоа Путин го одложии референдумот за гласање уставни измени закажан за 22 април, со кој би му овозможиле да остане подолго на власт.
Во оваа земја заразени се 658 луѓе, од кои 410 во Москва.
Последните бројки покажуваат дека во светот има околу 500 000 заразени. Починале над 21 000, а се излечиле околу 115 000 пациенти.
Во Италија до сега починале над 7000 лица, што значи дека има 4000 повеќе смртните случаи во Кина. Со тоа оваа земја и понатаму останува најпогодена во светот.Позитивно е што веќе четврти ден веќе има намалување на бројот на заразени лица. од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, 3.612 имало во вторникот и 3.491 во средата.
Во Шпанија која е второто европско жариште, вонредната состојба продолжува до 11 април. Трета најпогодена земја е САД со над 1000 починати.
И додека коронавирусот во повеќето земји во светот продолжува да се шири, Косово остана без влада. Ова следи откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Арбен Курти, кој на оваа функција не остана ни 2 месеци.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар