Русија повторно ќе го тестира РуНет

Руската Влада се подготвува повторно да ја тестира сопствената верзија на Интернет, изолирана од други мрежи и нации, чие тестирање е предвидено да започне во ноември, јавуваат руските медиуми.
Русија сака да се заштити од кибер напади, поради што нејзините експерти создале систем за заштита на сопствените компјутерски системи, што им овозможува на Русите да работат преку Интернет и без пристап до Светската мрежа WWW (World Wide Web).
Според критичарите, пак, ова е само еден од начините на кои Русија сака да ги изолира своите граѓани од светот и неговите влијанија.
Русија и претходно најавуваше дека планира да тестира свој Интернет. Според порталот Д-Рушиа, тестирањето на изолираноста на мрежата ќе почне после 1 ноември и ќе се повторува најмалку еднаш годишно.
Се верува дека руската Влада зависноста на ИТ-секторот од Западот ја смета за своја слабост, која другите нации можат да ја искористат против Русија.
Изолацијата на руската Интернет инфраструктура, која честопати се нарекува РуНет, е проследена и со законодавство кое ги ограничува руските граѓани да пристапуваат до одредени веб-страници.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
