Русија ја зајакна воената база во Таџикистан
Русија соопшти дека ја зајакнала својата воена база во Таџикистан со противтенковски системи, а претседателот Владимир Путин предупреди дека „хаосот” предизвикан од Западот со повлекувањето од Авганистан ја загрозува соседната земја.
По објавата за зајакнување на базата, Путин го обвини Западот дека зад себе оставил хаос со повлекувањето од Авганистан и довел други земји во голема опасност.
– Постои опасност терористите и различни групи кои нашле засолниште во Авганистан да го искористат хаосот што го оставија зад себе нашите западни партнери. Тоа е директна закана за нашите сојузници и за нашата земја, истакна Путин, алудирајќи на земјите во соседството на Авганистан, како што се Таџикистан и Узбекистан.
Шверцот со дрога и илегалната миграција може да се интензивираат, објасни рускиот претседател во говорот на митингот на партијата Единствена Русија, организиран пред изборите кои треба да се одржат на 19 септември.
Тој, исто така, вети дека нема да дозволи Русија повторно да биде вовлечена во конфликт.
– Советскиот Сојуз доживеа што значи да се остане во таа земја долго време и ги извлековме потребните заклучоци од тоа искуство, рече рускиот претседател.
Русија го нападна Авганистан во 1979 година, а илјадници советски војници беа убиени во окупацијата, која траеше до 1989 година.
Шојгу, пак, истакна дека талибанците се здобиле со „големо количество оружје на НАТО” откако ја презеле контролата врз Авганистан, и изрази загриженост поради шверцот со дрога, велејќи дека 93 проценти од хероинот кој денес циркулира низ целиот свет, потекнува од Авганистан.
Ново на Сител
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања