Русија и Венецуела ја интензивираат воената соработка

Министрите за одбрана на Русија и на Венецуела, Сергеј Шојгу и Владимир Падрио синоќа во Москва разговараа за билатералната воена и воено-техничка соработка. Шојгу на средбата ги поздрави напорите на Венецуела „во спротивставувањето на обидите на САД да ја соборат Владата во Каракас“ додавајќи оти венецуелската армија служи како гарант на територијалниот интегритет на земјата.
Падрио вети дека Венецуела ќе се спротивстави на притисокот на САД и на тоа што го опиша како „јасно кршење на меѓународното право“.
Русија го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, додека САД и десетици држави го поддржуваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.
Венецуела со месеци е во длабока политичка, но и економска криза, што е влошена и си американските финансиски санкции.
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
