-->
-->
Русија и Турција потпишаа меморандум за безбедност на летовите во операциите во Сирија
-->
![]()
Руското Министерство за одбрана и Генералштабот на турската војска потпишаа денеска меморандум за спречување на инциденти и обезбедување на безбедност на летовите во текот на операциите во Сирија, јави ТАСС.
Меморандумот е потпишан за време на консултациите на делегациите на вооружените сили на двете земји во Москва, посветени на соработката во борбата против ИД во Сирија.
Документот ги дефинира и механизмите за координација на активностите на воздухопловните сили на Русија и Турција при нанесување на удари врз позиции на терористите, како и активностите на двете страни за спречување на инциденти при летовите на авионите и беспилотните летала во воздушниот простор на Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
