Русија и Србија се договорија за укинување на забраната за реекспорт на руски гас
Русија и Србија се договорија да ја исклучат точката од меѓународниот договор за достава на руски гас што ја ограничува употребата на откупениот гас само на домашниот пазар.
Соодветниот амандман е содржан во протокол за измени на текстот на договорот, кој е објавен во Правниот информативен портал.
На тој начин, точката во договорот дека природниот гас доставен во Србија според договорот е наменет за потрошувачка на својот пазар, губи моќ.
Според тоа, „Газпром“ во одговор на Европската комисија вети дека ќе обезбеди слободен проток на гас на европскиот пазар.
Според договорот, Русија ќе и достави на Србија од 2012 до 2021 година до пет милијарди кубни метри гас годишно.
Со усвоениот протокол, Русија ќе ја ослободи Србија од обврската да го користи купениот гас само во земјата.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра