-->
-->
Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на СБ на ОН за примирје во Алепо
-->

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара седумдневно примирје во сирискиот град Алепо, за што Русија тврди дека со тоа ќе им се овозможи на бунтовниците да се прегрупираат и потребно е време за разговори меѓу Вашингтон и Москва.
Ова е шести пат Русија да стави вето на резолуција на СБ на ОН од 2011 година, а петти пат Кина да блокира таква акција.
Венецуела, исто така, гласаше против резолуцијата, која ја поднесоа Нов Зелан, Египет и Шпанија, додека Ангола се изјаснила воздржано.
Останатите 11 држави членки на Советот за безбедност на ОН ја поддржале резолуцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
