Фудбал
1. March 2016 - 8:48

Русија и Катар остануваат домаќини на Мундијалите

Новиот претседател на ФИФА Џани Инфантино потврди дека нема да се води расправа за промена на организацијата на Светските првенства 2018 и 2022 година. За домаќини се одредени Русија во 2018 година и Катар во 2022 година.
 
Инфантино вчера првпат се појави на своето ново работно место.
 
Швајцарските обвинители го испитуваат случајот со поткуп при гласањето на двата Мундијала, пред се оној на Катар, бидејќи постојат обвиненија од повеќе страни.
 
Инфантино на изборите за претседател на ФИФА, одржани во петокот, победи во конкуренција со шеикот Салман бин Ибрахим ел Калифа, принцот Али бин ел Хусеин и Французинот Жером Шампањ.
 
Инфантино го наследи Сеп Блатер на позицијата претседател на ФИФА.