-->
-->
„Русал“ загуби речиси половина од својата вредноста на берза
-->
Рускиот алуминиумски гигант „Русал“ денеска загуби речиси половина од својата вредноста на берзата во Хонгконг, каде е котиран по одлуката на САД да го стави во списокот на санкционирани руски компании.
Падот на вредноста на „Русал“, која е под контрола на милијардерот Олег Дерипаска, може да доведе до тоа компанијата да не може да исплати дел од своите доспеани обврзници. Во тек е проценка какво ќе биде влијанието од неможноста за исплата врз финансиската состојба на фирмата. Акциите на руската компанија се намалија за 48 отсто на 2,42 хонконгшки долари.
Загубата на берзанската капитализација изнесува над 3,5 милијарди долари за руската компанија, која претставува околу седум отсто од светското производство на алуминиум
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани